Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вечерва на „Виноскоп“ Јанкулоска „чести“ такси!

Вечерва на „Виноскоп“ Јанкулоска „чести“ такси!
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски вечерва од 22:30 часот на манифестацијата „Виноскоп 2014“ во Скопје ќе делат бесплатни ваучери за такси превоз. Целта е посетителите на фестивалот на виното, кои конзумираат алкохол, да се охрабрат да не ги користат своите автомобили за превоз. Оваа акција е дел од активностите во рамките на кампањата за безбедност во сообраќајот „Почитувај ги правилата, почитувај го животот“ и истата се реализира во соработка со поголем број на такси компании и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, информираат од МВР.
Слично

Поврзани вести