ВЕБ ГИС- нов портал на Агенцијата за катастар
Денеска Агенцијата за катастар на недвижности ќе го пушти во употреба новиот ВЕБ ГИС портал со збогатена содржина.
На порталот може да се најдат информации односно точки од интерес за сите локации на Одделенијата за катастар на недвижности, нотарските канцеларии, приватните геодетски фирми, извршителите и општините.
Новина се и информациите за локации каде во тек е градба на нов објект со можност за увид во содржината на листот за предбележување на градба, од кој се видни слободните станови кој се во фаза на градба како и нивната површина на цела територија на Република Македонија.
Слично
