Економија, финансии, бизнис

Контакт

Важноста на донесувањето на одлуки базирани на научни докази

Важноста на донесувањето на одлуки базирани на научни докази

Научните докази се основа за растечкиот консензус дека IQOS е подобар избор отколку да се продолжи со пушење


Донесувањето одлуки врз база на докази е од клучна важност кога се користат објективни факти за да се одреди која е правилната одлука што треба да се донесе. Луѓето многу често избегнуваат информации коишто на некој начин би можеле да бидат непријатни: несакани медицински дијагнози, загуби во портфолиото на акции или слабо рангирање. Во различни контексти тие намерно и активно ги избегнуваат информациите, дури и кога тоа може да биде навистина корисно и да ги натера да донесат различни одлуки. Во суштина, вистината може да биде непријатна. Но, сепак најубавата работа во врска со науката е што на крајот е невозможно таа да се игнорира.

„Луѓето може да носат лоши одлуки, особено во моменти на лутина и зголемени тензии. Научниците и регулаторите се исто така само луѓе и тие ги имаат истите слабости како и секој друг кога станува збор за донесување одлуки. Токму затоа, филозофите изготвија различни упатства за извлекување заклучоци и донесување одлуки. Не постојат две лица коишто го гледаат светот на ист начин, па затоа е особено важно да се соберат податоци со користење на научни методи и алатки за коишто секој научник може да се согласи. Затоа е и особено важно отворено и транспарентно да се разговара за податоците“, вели д-р Моира Гилхрист, потпретседател за стратешки и научни комуникации во Филип Морис Интернешнел (ФМИ).

Таа објаснува дека проверените податоци им овозможуваат на другите истражувачи да ги прифатат тие заклучоци и да ги користат истите податоци за споредба или за отпочнување на сопствено истражување. На пример, може да се спроведе истражување за тековните корисници на електронскитецигари, да се следи здравјето на оваа популација со текот на времето и да се утврди дали кај нив може да се забележи зголемен или намален ризик по здравјето во однос на другите популации.

„Но, потребно е да се соберат доволно податоци и да се постават неопходни прашања за да се обезбеди истражувачите точно да ги исклучат можните збунувачки фактори. Многу од корисниците на електронските цигари се или поранешни или тековни пушачи, а добро е познато дека таквата историја на пушење со себе носи зголемени ризици по здравјето. Примената на соодветни научни методи и на статистичка анализа може да помогне да се разјасни дали и како секој од факторите може да придонесе за зголемување или намалување на ризикот. Еден вистински избор којшто можат да го направат научниците е транспарентно објавување на методите кои се користени во научното истражување“, додава таа.

Платформата INTERVALS.Science на ФМИ овозможува независна повторна анализа и соработка преку отворено споделување на протоколите, алатките и податоците од истражувањето. Проценката на производите се објавува во научни списанија, особено за целите на добивање рецензија од страна на колегите.

„Ние всушност претпочитаме да ја објавуваме нашата работа во списанија коишто нудат опција за отворен пристап што е можно почесто. Ние, исто така, отворено одговараме на коментарите за нашите публикации. Ваквите транспарентни постапки им ја олеснуваат работата на критичарите при критикување на нашата работа. Таквите критики се добредојдени. Ние сме уверени дека нашата работа и нашите резултати се изградени врз цврста основа на докази – толку сме уверени што сме подготвени да ја споделиме таа основа“, заклучува д-р Гилхрист.

Одлуката на американската агенција за храна и лекови (ФДА) во врска со барањето на ФМИ за класификација на производот без чад – IQOS, во категоријата производи со модифициран ризик се базираше на законите и регулативите во САД и претставува само еден пример на целосно научен пристап за докажување нанамалената изложеност на корисниците на IQOS на штетни хемикалии кои се наоѓаат во цигарите. Оваа светски реномирана агенција неодамна го дозволи рекламирањето на електронскиот уред за употреба на несогорливи производи од тутун, кој заедно со несогорливиот тутун е претставен како производ со модифициран ризик токму со помош на научните тврдења за намалените штетни влијанија. 


Одлуката следеше по сеопфатна и ригорозна анализа од страна на Агенцијата на обемната научна документација која компанијата ја достави во декември 2016 година. На оваа одлука му претходеше и одлуката од страна на ФДА од април 2019 година со која се овозможи комерцијализација на IQOS на американскиот пазар. Ставот на ФДА претставува историска пресвртница во областа на јавното здравје. Тој значително го надоградува растечкиот научен консензус дека иако не е без ризик, сепак IQOS е подобар избор за возрасните пушачи во споредба со пушењето. 


Слично

Поврзани вести