Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вардар со победа се враќа во Скопје

Вардар со победа се враќа во Скопје

Со голот на Македа од аут во последните секунди, Вардар оствари голема победа од 29-28 како гостин против Кил во првата средба од четвртина-финалето од ракометната Лига на Шампиони.

Домаќинот имаше водство и до три гола разлика, но борбениот Вардар не падна во играта во ниту еден момент. Стоилов, кој беше стонастотно ефикасен, и Мораеш беа расположени за голови со по пет погодоци, а исто толку постигна и Чупиќ од линијата за седум метри.

Овој резултат сепак не треба да се свати како готова работа и пласман на фајнал-фор турнирот, бидејќи Кил ќе дојде во Скопје за да го поправи впечатокот и да обезбеди понатамошен пласман преку реваншот.

На 29 април се игра вториот меч во СРЦ „Јане Сандански“, кој веќе е распродаден за овој дуел.

Слично

Поврзани вести