Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вардар кај Велешко нормализиран, ама кај гевгелиско-валандовскиот регион се излеа

Вардар кај Велешко нормализиран, ама кај гевгелиско-валандовскиот регион се излеа

Велешани денеска може да здивнат од опасностите кои ги носи Варадар во споредба со вчерашниот ден кога нивото на водостојот беше еден метар повисок од денеска .

Водата се врати во речното корито во населбите Речани и Шорка.

Под мостот во Башино село се одвива сообраќајот од вчеравечер или по неколку часа откако беше воведена забраната, велат од подрачното одделение на Дирекцијата за кризи и спасување.

Но, проблеми денеска Вардар предизвика во гевгелиско-валандовскиот регион  поради излевање, и сообраќајот на  патниот правец Р1401 Струмица – Гевгелија е во прекин кај клучката Марвинци (подвозникот).

Патниот правец Битола-Старавина Р-1311, 8 км. пред село Новаци затворен е за сообраќај поради висок водостој. Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Трботивиште - Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на реката Брегалница.

Полека во речнотот корито се враќа излеаната вода и во централниот градски парк во Велес, кај Железен мост, пред бирото за вработување и мостот „Гемиџии“ како и кај Мало мовче и Стар мост. Поплавниот бран зад себе остави десетици поплавени градини со ран зеленчук, овоштарници и десеттина куќи во населбите Речани, Шорка и две кај Башино село.

Слично

Поврзани вести