Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вардар денеска ќе гостува пред 10.000 гледачи

Вардар денеска ќе гостува пред 10.000 гледачи

Европскиот првак Вардар денеска ќе гостува во една од најпознатите ракометни сали во Европа. „Шпаркасе Арена“ на првата средба од четвртина-финалето против великанот Кил во ракометната Лига на шампиони.

Германците пред два дена објавија дека 9.600 се продадени, останати беа околу 500-600 билети и тоа од најефтините, што значи дека денеска „Белиот ѕид“ ќе биде исправен пред Вардар. 

Времето на анализи и евоцирање на спомени е завршено, за час момците на Раул Гонзалес ќе ги вкрстат копјата на терен против германскиот гигант предводен од играчи како Домагој Дувњак и Миха Зарабец. 


Слично

Поврзани вести