Вандали го уништија – ВИП го поправи соларниот полнач на мобилни
Вип оператор вложи дополнителни финансиски средства и го поправи оштетениот соларeн полнач за мобилни телефони поставен на плоштадот „Македонија“. Со ова сите граѓани, ќе можат повторно непречено да ги полнат батериите на своите мобилни телефони, користејќи ја сончевата енергија. Соларниот полнач кој беше пуштен во употреба на 4-ти овој месец, пред неколку дена беше оштетен од страна на несовесни поединци.
- Вип оператор инвестираше во овој единствен ваков проект во земјава и пошироко, затоа што сме уверени дека тој им носи повеќекратна полза на граѓаните, на животната средина и на заедницата во целина. Соларниот полнач на мобилни телефони овозможува бесплатно полнење на скоро сите видови мобилни телефони, со помош на енергијата на сонцето. Оттаму, нејасно е зошто некој би имал нешто против неговото функционирање – изјави Никола Љушев главен извршен директор на Вип оператор.
Слично
