Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вака изгледа Samsung Galaxy Alpha

Вака изгледа Samsung Galaxy Alpha

Што ли се случи со Galaxy S5 смартфонот со метално куќиште за кое веќе долго време слушаме гласини и кој би требало да биде наречен  Galaxy F?  Засега најблиската работа е Prime верзијата која ја имаме со објавата на  quad HD LTE моделот, но се очекува и модел со метално куќиште. Sammobile и многу други дојдоа во поседување на овие фотографии на таквиот уред, но Galaxy Alpha сега повеќе не звучи како „супер премиум телефон“. И додека металната рамка е и понатаму тука околу телефонот, наводно од алуминиум, позадината и понатаму е пластична. Исто така се говори дека овој модел би можел да стигне со  4,7-инчен екран со  720p резолуција, 32 GB интерна меморија како и Exynos 5 Octa или Snapdragon 800 процесор.

Galaxy Alpha на крајот сепак би можел да стигне само на одредени пазари, но и да биде добар знак Samsung конечно да почне да употребува повеќе метал на неговите телефони. Исто така се смета дека ова би можело да биде само еден телефон во новата серија.

Слично

Поврзани вести