Економија, финансии, бизнис

Контакт

В сабота се отвара Базен Аеродром

В сабота се отвара Базен Аеродром

Летната сезона во главниот град со високи температури е започната, а со тоа и потребата од разладување покрај жешкиот скопски асфалт.

Токму затоа, оваа Сабота со работа започнува Базен Аеродром, најголемиот отворен базен во Република Македонија.

Менаџментот на базенот, за летото 2014 најавува новитети, кои покрај водените лудории како незаменлив аспект на работењето на базенот ќе им понудат на посетителите дополнителна забава во склоп на објектот. Од оваа сезона, во комплексот на Базен Аеродром ќе биде отворен ресторан со најразлични специјалитети, а ќе бидат отворени и дополнителни барови за посетителите.

Она што е најзначајно за љубителите на спортот, е ново организираниот спортски корнер наменет за следење на фудбалските натпревари од Светското првенств.

Јавноста ќе биде дополнително известена за сите забавни содржини кои се планирани за летните месеци.

Слично

Поврзани вести