УЖИВААТ ГОЛЕМА ДОВЕРБА: 72% од полисите за осигурување на живот издадени од Кроациа Осигурување – Живот ад Скопје
Пазарот за осигурување на живот во Р. Македонија се развива со забрзано темпо следејќи ги европските трендови, работејќи согласно европски стандарди и прераснувајќи во развиен осигурителен пазар. Расте свеста за осигурување на живот кај македонските граѓани, а со тоа и бројот на европски компании кои ја нудат оваа услуга во Македонија. Забрзаното темпо на развој на овој сегмент на пазарот го разви и Банко-осигурителниот сектор, па веќе полиса за осигурување на живот може да се склучи и во филијалите на банките.
И покрај присуството на 5 компании за осигурување на живот во Македонија, се чини дека мнозинството македонски граѓани сепак се одлучуваат својата сигурност да ја доверат на хрватскиот бренд Croatia Osiguranje.
Уживајќи мнозинство од довербата на македонските граѓани Кроациа Осигурување - Живот се издвојува како водечка компанија на пазарот за осигурување на живот во Р. Македонија на која и припаѓа 44,4% од пазарниот колач на полисирана премија, а дури 72% од македонските граѓани кои склучиле полиса за осигурување на живот во првата половина од годинава се одлучиле за полиса издадена токму од оваа компанија.


