Економија, финансии, бизнис

Контакт

Увид во изградбата и реконструцијата на хидротехничката инфраструктиура долж дел од улица Варшавска

Увид во изградбата и реконструцијата на хидротехничката инфраструктиура долж дел од улица Варшавска

Нас. Тафталиџе ќе добие нова водоводна и канализациона мрежа

Директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, г-дин. Душко Весковски заедно со градоначалникот на Град Скопје, г-дин. Петре Шилегов и градоначалникот на општина Карпош, г-дин. Стефан Богоев, денеска беа на увид на тековната изградба и реконструкција на водоводната мрежа и фекална канализација по дел од ул.Варшавска во нас. Тафталиџе - Карпош.

Овој проект ќе го олесни приклучувањето на новоизградените објекти на овој дел од улицата Варшавска, ќе овозможи правилно поврзување или приклучување на друга постоечка улична водоводна мрежа односно фекална улична канализација за кои досега не постоеа технички исправни можности или услови, затоа што и не постоеше улична фекална канализација.

Предвидено е да се вградат водоводни цевки одполиетилен од 160мм со вкупна должина од L=130м и фасонски парчиња и арматури од дуктилно железо, како и фекална канализација со вкупно должина од  L=210м,  со дијаметар на цевководот DN250мм при што ќе бидат вградени полипропиленски канализациони цевки и армирано бетонски шахти сокапаци - тежок тип.

Проектот е инвестиција на ЈП Водовод и канализација – Скопје, а вкупното чинење на истиот за реконструкција и изградба на водоводната мрежа и на фекалната канализација изнесува 4.415.609,00 ден.


Слично

Поврзани вести