Економија, финансии, бизнис

Контакт

Увезени делови за моторцикли одземени во Гевгелија

Увезени делови за моторцикли одземени во Гевгелија

Царинската испостава од Гевгелија привремено задржа стока на фирма увозник од Прилеп која за царинење пријавила преку 9.000 делови за моторцикли со потекло од Кина во вредност од 300.000 денари.

При контролата цариските службаници утврдиле дека пријавените делови се означени со логото на словенечката трговска марка „Томос“ и поради сомневање дека се работи за фалсификати на заштитена марка, стоката е времено одземена.

Доколку би се продавала како оригинал, пазарната вредност на сомнителната стока би достигнала околу 750.000 денари. Следува постапка за утврдување на оригиналноста на стоката согласно законот за заштита на интелектуална сопственост

Слично

Поврзани вести