Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Легнаа и парите од наградната игра со фискални сметки

УТРИНСКИ ФОКУС: Легнаа и парите од наградната игра со фискални сметки

Утрински вести во фокусот на Фактор ова утро...

Првите среќници кои скенираат фискални сметки се израдуваа на парична награда плус од наградната игра МојДДВ #МојаНаграда.

На 110 илјади граѓани им се доделените првите 30 награди а надлежните регистрирале скок за над 60 проценти повеќе скенирани сметки на дневно ниво.

Деталите може да ги прочитате овде.

*

Во пад се цените на надвижнините. Ова станува јасно од податоците на Народната банка согласно кои се забележува дека годинава на крајот на септември цените на недвижнините се за речиси четири проценти пониски во однос на 2010 година.

Што ги кутна цените на недвижнини прочитајте во анализата на ФАКТОР тука.

*

Протестите и другите форми на граѓански притисоци ќе продолжат се додека не се покаже реална политичка волја и подготвеност да се спроведат решенија кои животот на граѓаните ќе го стават пред профитот...Загадувањето ќе има последици и по 30 години кога нашите деца ќе пораснат вели Татјана Чакулев од О2 Иницијатива во интервју за Фактор.

*

Владата вели, и досега ги слушавме бизнисмените, сега уште повеќе..

Така барем тврдат откако слушнаа дека близу 40 проценти од фирмите во земјава сметаат дека бизнис климата е влошена во однос на претходно. 

*

Слично

Поврзани вести