УТРИНСКИ ФОКУС: Како ТТК банка направи резултат за паметење
Вести во фокусот на Фактор ова утро ...
*
ТТК банка ја зголеми добивката за 50 отсто во однос на ланиНајмалата банка, чија акција котира на Официјалниот берзански пазар, има резултат за паметење. Во услови на силна конкуренција ТТК Банка, која е во групата на најмали деловни банки, има раст на профитот за 50 отсто во споредба со лани.
*
До крајот на годината ќе има нов тендер за набавка на реагенси, откако претходниот вреден 35 милиони евра беше поништен, вели во интервју за Фактор, министерот за здравство Венко Филипче. Ексклузивно открива кои се градежните гиганти кои влегоа во втората фаза од процесот за избор на фирма што ќе го гради новиот Клинички центар во Скопје.
*
РУЖИН ЗА ФАКТОР: Очекувам Пендаровски да се врати со позитивна вест од Елисејската палатаЌе успее ли шефот на македонската држава Стево Пендаровски да го „омекне“ срцето на францускиот претседател Емануел Макрон, на негов терен, во француската престолнина.
*
Ќе стане ли Расадник во Кисела Вода дом на 20 000 нови жителиПоследните неколку денови преку социјалните мрежи, граѓаните на големо коментираат дека инвеститорите пикот на градење наскоро ќе го насочат токму на Кисела Вода а зградите ќе станат нов дом за околу 20 000 станари.
