Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утре се осветува споменикот „Фаќач на крст“ во Охрид

Утре се осветува споменикот „Фаќач на крст“ во Охрид

Спомен-обележјето посветено на големиот православен христијански празник „Богојавление-Водици“ – „Фаќач на крст“, ќе биде осветено утре на градското пристаниште во Охрид.

Спомен обележјето што го симболизира вадењето на светиот крст од осветените води на Охридското Езеро, е донација на проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кум на Водици-Охрид 2012, ген. дир. на градежната компанија Адора Инженеринг.

Автор на скулптурата е академскиот скулптор м-р Ангел Коруновски од Велес, а скулптурата е поставена на рељефен постамент со ранохристијански и богојавленски мотиви.

Споменикот „Богојавление-Водици“ е подигнат на иницијатива на донаторот проф. д-р Чифлиганец и здружението за целосна афирмација на МПЦ Богојавление-Охрид, во соработка со Општина Охрид.

Обележјето ќе го осветат свештеници на Дебарско-Кичевската Епархија предводени од Митрополитот Тимотеј, а симболично ќе го отворат градоначалникот на Охрид, д-р Никола Бакрачески и донаторот проф. д-р Ванчо Чифлиганец.

Отворањето на спомен-обележјето „Богојавление-Водици“ на кое се поканети сите граѓани и гости во Охрид, е во рамките на манифестацијата „Бело лето“, со што симбилично се означува почетокот на главната туристичка сезона во Охрид.

Слично

Поврзани вести