Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утре се одржува Прва Конференција за инвестиции во недвижности

Утре се одржува Прва Конференција за инвестиции во недвижности

Утре со почеток во 10 часот во хотел Буши во Скопје ќе се одржи Конференција за инвестиции во недвижности во Македонија.

На конференцијата која ја организира првата онлајн аукциска куќа за недвижен имот Е-аукција.мк заедно со консултантскатa компанија Knowledge Center ќе зборуваат Анита Ангеловска – Бежоска, вице гувернер на НБРМ, СлавчеТрпески, директор на Агенцијата за Катастар на недвижнини,Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништво при Стопанската Комора на Република Македонија и Бранко Ѓуровиќ, проект менаџер на Е-аукција.мк.

На првата Конференција за инвестици и во недвижности во Македонија ќе се презентираат актуелните трендови на пазарот со недвижности во Македонија, ќе се потенцираат можностите кои постојат во овој сектор, а настанот е можност да се поврзат сите субјекти кои работат во овој сегмент.

Е-аукција.мк е прва онлајн аукциска куќа за недвижен имот во регионот. Истата е производ на проектот Аукциски Тигар, поддржан од компанијата Knowledge Centar и Фодотот за Иновации на РМ. Целта на Аукциски Тигар е да го раздвижи пазарот на недвижнини во земјата, да понуди решение за побрзи трансакции и зголемување на ликвидноста на компаниите и институциите кои имаат имот по основ на побарувања, да го отвори пазарот за странски инвеститори и фондови кај кои електронското наддавање е воспоставена пракса.

Слично

Поврзани вести