Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утре прекини на струја во делови од Карпош, Сарај, Ѓорче Петров и Аеродром

Утре прекини на струја во делови од Карпош, Сарај, Ѓорче Петров и Аеродром
Утре без струја ќе бидат делови на општините Карпош, Сарај, Ѓорче Петров и Аеродром, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи од Град Скопје. Според најавите, во Карпош електрична енергија ќе нема од 9 до 15 часот за корисниците од ул. Женевска од бр. 23 до бр. 27 и ул. Хашка, потоа од 9 до 12.30 часот, за корисниците од ул. Езерци, а во периодот од 9 до 15.30 часот за корисниците од бул. Партизански Одреди број 151. Во Сарај струја ќе нема од 11 до 14 часот, за дел од корисниците од село Шишево, а во периодот од 9 до 14 часот за корисниците од село Семениште. Во Ѓорче Петров прекин ќе има од 9.30 до 15.30 часот за корисниците на дел во центарот на населба Волково, а во периодот од 12 до 15.30 часот за корисниците од ул. Николај Островски, ул. Пеаане. Во Аеродром пак прекинот ќе трае во периодот од 9 до 14 часот за корисниците од бул.АСНОМ број 44, 46 и 74. Прекините ќе бидат направени поради инвестициски зафати на ЕВН во електричната мрежа.
Слично

Поврзани вести