Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утре прекин на струја во Аеродром и неколку скопски села

Утре прекин на струја во Аеродром и неколку скопски села

Корисниците од улиците „Кочо Рацин“ бр. 8 и 30 во општина Аеродром утре од 08.30 до 15 часот ќе бидат без струја. Во периодот од 09 до 15.30 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Драчевица и Цветово, општина Студеничани, информира РЦУК–Скопје.

Исто така и дел од корисниците од Чучер-Сандево, кај Роломатик и корисниците по обиколницата на Качанички Пат без струја ќе бидат од 15 до 16 часот.

Од 9 до 15.30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Ѓуро Салај“ и „Даутица“, а од 9 до 13 часот корисниците од село Кучково, општина Ѓорче Петров.

Според најавите, станува збор за инвестициски зафати на ЕВН.

Слично

Поврзани вести