Утре Маркова Сушица ќе остане без струја
Поради продолжување на техничките зафати од ЕВН, утре без струја од 9 до 15 часот ќе останат дел од корисниците во селото Маркова Сушица, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Исто така во периодот од 11.30 до 13.30 часот струја ќе нема за дел од потрошувачите од ул. Нерешка.
Според најавите, прекините се заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со струја.
Слично
