Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утре годишно собрание на движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – Браво сине!

Утре годишно собрание на движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – Браво сине!

Креативноста, особено на младите, ја заслужува поддршката на сите во нашето општество. Поттикнати од оваа основна идеја и од работата и животот на еден од основоположниците на современата македонска креативна и маркетинг индустрија - Иво Лауренчиќ, пред точно една година група ентузијасти го основа Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – Браво сине!

Ни претставува особено задоволство да ве поканиме на првото Годишно собрание на Движењето, на кое ќе ги сумираме ефектите од поддршката на младите креативци во Македонија во изминатата прва година од работењето.

Настанот ќе се одржи утре (среда), 13. мај 2015 во М6 – Едукативен центар, со почеток во 12:00 часот. Мисијата на Движењето е да ги поттикне и поддржи талентот и креативноста кај младите во функција на создавање силни национални брендови.

Слично

Поврзани вести