Утре целосен прекин на сообраќајот по булеварот „Борис Трајковски“
За утре се најавува целосен прекин на сообраќајот на кракот од булевар „Србија“, на приодот од фабрика „Усје“ кон крстосницата со булевар „Борис Трајковски“ . Како што информираат од Град Скопје, прекинот ќе трае од 10.30 до 15.00 часот, кога возилата ќе се пренасочуваат по стариот крак на излез од фабриката „Усје“ кон крстосницата со булевар „Борис Трајковски“.
Надлежните апелираат возачите да се придржуваат кон времено поставениот режим и да ја почитуваат поставената сигнализација.
Слично
