Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утре без струја повеќе реони од Скопје

Утре без струја повеќе реони од Скопје
Како што извести Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, утре без струја ќе останат повеќе реони од Скопје. Така поради зафати од страна на ЕВН Македонија од 8 до 16 часот струја ќе нема на дел од улицата Тодор Чангов, подулиците со броевите 50 и 52, додека од 8.30 до 9.30 часот и на подулиците број 4, 6, 8 и 11. Во периодот од 8.30 до 10 часот струја ќе нема на улица Анастас Митрев бр. 2 и 4 и во објектот на ЈП „Водовод и канализација“, додека од 8.30 до 14.30 без струја ќе бидат селата Смиљковци, Булачани, Виниче, Црешево и Страчинци. Од 9 до 11 часот прекини ќе имана дел од улиците Питу Гули и Ацо Караманов, а до 15 часот и во дел од село Копаница. Според РЦУК, од 10 до 13 часот без струја ќе бидат и жителите на дел од улицата Ернест Телман.
Слично

Поврзани вести