Утре без струја ќе остане дел од Сарај, Шутка и Зелениково
Според известувањето од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, утре ќе нема електрична енергија во неколку населби.
Во периодот од 9.30 до 15.30 часот ќе останат жителите од село Копаница, во општина Сарај и граѓаните на улицата Метохиска во Шуто Оризари. Од 8 до 16.30 часот пак струја ќе нема за корисниците од дел од село Студеничани, а од 10 до 13 часот и корисниците во делови од село Зелениково.
Највените прекини на електрична енергија се поради инвестициските зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со струја.
Слично
