Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утре без струја дел од Центар, Зелениково и Карпош

Утре без струја дел од Центар, Зелениково и Карпош
Без струја утре од 09.30 до 11 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани на улиците Дебарца, Дане Краплев и 29 Ноември во општина Центар. од 09 до 16 часот без струја ќе бидат станица Зелениково и селата Градовци, Гумалево, Тисовица, Добрино, Смесница, Пакошево, Стахојадица и Ново Село во општина Зелениково.

Од 11 до 15 часот без електрична енергија ќе остане хотел Вергина на улица Скупи, а од 09.30 до 12 часот жителите од улиците Козле и улица „1“ во општина Карпош, додека од 09 до 15 часот без струја ќе бидат дел од жителите лоцирани од улиците Букурешка и Варшавска.

Во периодот од 08 до 15 часот без струја ќе бидат жителите од улиците Леринска , Козле, Стрезово како и Германската амбасада. Според РЦУК - Скопје, овие прекини биле поради технички зафати во електро системот.
Слично

Поврзани вести