Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утре без струја дел од Центар, Ѓорче Петров, повеќе села…

Утре без струја дел од Центар, Ѓорче Петров, повеќе села…
Неколку скопски населби и повеќе села утре ќе имаат прекин во електричната енергија поради изведување инвестициски потфати од страна на ЕВН, соопшти РЦУК на град Скопје. Од 09  до 12  часот струја ќе немаат корисниците од општина Центар на улиците Иван Милутиновиќ, 29 Ноември, 20 Октомври, 9 Мај и Христо Смирненски, потоа од 09 до 15 часот корисниците од улиците бр.51 и 52 во населбата Стопански Двор во општина Ѓорче Петров. Од 09.30 до 14.30 часотче трае прекинот во селото Долно Свиларе, а во периодот од 11 до 15 часот, струја ќе нема за дел од корисниците од ул.10 и ул.40 во населбата Кисела Јабука, повторно во Ѓорче Петров. Во периодот од 11 до 15 часот без струја ќе бидат повеќе скопски села : Буковиќ, Чајлане, Ласкарци, Семениште, Раовиќ, Паничари, Арнакија, како и индустриските капацитети во реонот на Глумовска кривина.
Слично

Поврзани вести