Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утре без струја дел од Карпош и Центар

Утре без струја дел од Карпош и Центар

Утре без електрична енергија ќе останат жителите лоцирани на неколку улици во општините Карпош и Центар, информираше Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, според известувањето добиено од ЕВН Македонија АД.

Во општина Карпош од 11 до 15.30 часот без струја ќе бидат жителите лоцирани на дел од улицата „Крчин“, а од 9 до 15 часот жителите од улиците „Букурешка“ и „Варшавска“ .

Во општина Центар од 9 до 11 часот без струја ќе бидат жителите од улиците „Салвадор Аљенде“ и „Периша Савелиќ“, од 08 до 15:30 часот булевар „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ зграда бр.30, зграда бр.26-(кула 8) и од 08 до 15:30 часот дел од улица „Македонија“ бр.3 (Шпаркасе Банка).

Слично

Поврзани вести