Утре без струја дел од Карпош и Кисела Вода
Потрошувачите од улиците „Драгиша Мишовиќ“ и „Карпошево Востание“ во општина Карпош, утре од 11 до 12:30 часот ќе бидат без електрична енергија.
Во периодот од 10.30 до 15.30 часот без струја ќе бидат потрошувачите од улицата „Јуриј Гагарин“, а 10 до 15 часот потрошувачите од улицата „Трајко Бошковски“ во општина Карпош.
Без струја од 08.30 до 11 часоот ќе останат потрошувачите од улиците „Ратко Митровиќ“, „Славка Динкова“, „14-та Бригада“, „Филип Кљаиќ“ и „Славчо Стојменов“ во населбата Драчево, општина Кисела Вода.
Прекините се заради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во тие региони, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
