Услугите на Македонски Телеком функционираат нормално
Вчерашното невреме кое ја зафати државата попладне предизвика проблеми во повеќе градови во телекомуникациите.
Меѓутоа техничкиот проблем којшто се појави како последица на невремето доцна попладнево е отстранет и сите услуги на Македонски Телеком функционираат нормално.
Прекин на услугите имаа корисниците во централното подрачје на град Скопје, како и дел од корисниците во останатите градови во Македонија.
Од Македонски Телеком упатија извинување до корисниците за настанатите проблеми .
Слично
