Економија, финансии, бизнис

Контакт

Услугата MaxTv на Т-Хоум достигна 70.000 корисници

Услугата MaxTv на Т-Хоум достигна 70.000 корисници
Од ноември 2008 година од кога стартуваше услугата  MaxTV на Македонски Телеком, досега достигна бројка од 70.000 корисници, информираат од операторот. Во 2012 година sе регистрирани 66.541 корисниcи на  MaxTV услуга, што претставува зголемување за 66% во однос на 2011 кога кога имало 40.129 корисници на  IPTV. Од вкупниот број MaxTV корисници  во минатата година, 11,5% се поврзани преку оптика. Менаџментот на компанијата, по ваквите бројки, оцени дека MaxTV  услугата е лидер на телевизискиот пазар. Постојаното зголемување на нејзините корисници, според нив, пред се е  резултат на интерактивните карактеристики, квалитетот на сликата, големиот број тв канали и достапните содржини. „Екслузивна понуда  на содржини, неспоредливиот квалитет на услугата и функционалностите, одличната комбинација со останатите телекомуникациски услуги,  е она што MaxTV  го прават водечка тв услуга на пазарот. MaxTV е услуга која квалитативно го измени корисничкото искуство и која недвослислено не одвои од конкуренцијата“, рече Даниел Сас, главен извршен на МТ. Во наредниот период компанијата планира да ја унапреди Max TV услугата, со подобрување на функционалностите, воведување нови апликации, обезбедување дополнителни тв содржини, како и да се направи достапна од кое било место и преку сите уреди: персонален компјутер, лап топ или мобилен телефон. Изборот на тв канали ќе се прошири со нови, меѓу кои 24 Kitchen, англиската верзија на  France 24, Hazat TV, FOX channel, како и Travel chanenel  и Auto Moto Sport HD. Лојалноста на корисниците МТ ќе ја награди со поволност која овозможува постојните корисници на 3 Max, 2 Max и  Family Max  пакетите кои не користат HBO пакет или Max Sport +  да можат да ги активираат од 15 февруари до 1 април и бесплатно  да ги гледаат еден месец. Корисниците кои веќе ги активирале тие пакети, исто така ќе ги добијат еден месец бесплатно
Слично

Поврзани вести