Економија, финансии, бизнис

Контакт

УСЈЕ ѝ донира 200 тони цемент на општината Штип

УСЈЕ ѝ донира 200 тони цемент на општината Штип

Во рамки на донациите за поплавените подрачја кои ја зафатија околината на штипско, од Цементарница Усје АД Скопје соопштуваат дека ќе донираат 200 тони цемент на општина Штип во вредност од над 1,1 милион денари. Донацијата е наменета за санација на коритата на реките и поправка на мостовите на територија на општината, со што во голема мерка ќе се санираат настанатите штети од поплавите.

„Имајќи ги предвид состојбите на терен по големите поплави во источниот дел на Македонија, УСЈЕ како компанија донесе одлука за донација на 200 тони цемент кој ќе биде искористен за санирање на штетите од поплавите. Цементарница УСЈЕ во согласност со својата политика за општествена одговорност доброволно се вклучува во акции за подобрување на состојбите настанати како резултат на природни катастрофи“, изјави Борис Хрисафов, Главен извршен директор на УСЈЕ.

Вработените на Цементарница УСЈЕ собраа доброволна парична помош за семејствата од настраданите подрачја. Висината на средствата собрани од лични донации на вработените изнесува околу 150.000 денари, а компанијата ги дуплираше овие средства, со што околу 300.000 денари ќе бидат уплатени на сметката на Црвениот крст како помош за подобрување на моменталните услови за живеење, велат од компанијата УСЈЕ.

Слично

Поврзани вести