Уште колку време останува до крајот на светот?
Часовникот на апокалипсата е поместен напред за 30 секунди, на 2 минути и 30 секунди пред полноќ, објавија вчера еминентни научници и пренесува агенцијата АФП.
Причината е воената реторика и акциите на претседателот на САД, Доналд Трамп или, накусо, самото доаѓање на власт на Трамп.
Станува збор за познатиот часовник на апокалипсата на Билтенот на научниците за атомска енергија. Часовникот никогаш не бил толку блиску до клучна експлозивна точка, фиксирана на полноќ или „крајот на светот”.
Тој бил креиран во 1947 година. Досега бил поместуван 19 пати. Во 1953 година бил ставен полноќ без две минути во моментот кога СССР ја експлодираше својата прва атомска бомба со што беше означена трката со нукеарно оружје. Часовникот најдалеку од полноќ бил во 1991 година, на крајот на Студената војна.
Научниците велат дека се загрижени поради силниот пораст на национализмот во светот, изјавите на Доналд Трамп за нуклеарно оружје, глобалното затоплување и влошувањето на светската безбедност во контекст на се пософистицирани технологии.
Според нив, изјавите и акциите на Трамп за време на транзицијата се во тотален расцеп со политиките на неговите претходници. Трамп минатиот месец кажал дека има намера да го зголеми американскиот нуклеарен потенцијал.
