УСАИД ќе го модернизира производството на пченка во североисточна Македонија
Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси го одбележа проширувањето на иницијативата “Да одгледуваме повеќе пченка” во североисточна и вардарска Македонија со неформална демонстрација на ефективноста и леснотијата за користење на системот капка по капка.
Амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс, свечено вклучи два од новите 30 системи за наводнување капка по капка.
“Минатата година бевме сведоци на неверојатни резултати во Полог и Пелагонија каде земјоделците кои го користеа системот успеаа да ги зголемат проносите за повеќе од 50%,” рече амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс. “Овој пристап кон земјоделството е економски и еколошки разумен. Системите капка по капка ја користат водата до 60% поефикасно од традиционалното наводнување и ги спречуваат ѓубривата од протекување во подзените води преку почвата.”
Во 2013 година, Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси го воведе овој систем за наводнување и современите земјоделски практики во одгледувањето на пченка на полињата на 40-тина фармери од Полог и Пелагонија. Поголемиот дел од пченаката произведена во Македонија се користи за исхрана на кравите. Зголемените приноси постигнати со системот на наводнување капка по капка им овозможи на фармерите да прехранат речиси четири пати повеќе крави од истата површина на земјиште. Како што овој пристап во производството на пченка го прифаќаат повеќе фармери, тоа ќе помогне на малиот агробизнис во Македонија да стане поконкурентен, профитабилен и одржлив, сметаат од УСАИД.
На настанот присуствуваа и градоначалниците од североисточниот и вардарскиот регион, директорите на млекарите “Милком” и “Здравје Радово”, претставниците на АПРЗ и ФФРМ, како и земјоделците од двата региони.
