Економија, финансии, бизнис

Контакт

УСАИД и Хабитат ги одбележаа успесите на нивниот проект за енергетска ефикасност

УСАИД и Хабитат ги одбележаа успесите на нивниот проект за енергетска ефикасност

Денес во Скопје, УСАИД и Хабитат Македонија го одбележаа заокружувањето на нивниот заеднички проект во поддршка на енергетската ефикасност во секторот домување. На настанот се собраа чинители и корисници кои беа опфатени во рамки на проектот, за да ги одбележат достигнувањата како и наследството што го остава овој проект.

„Енергетската ефикасност е економско прашање, еколошко прашање и прашање на квалитет на живот. Затоа, прашањето на енергетска ефикасност повеќе години е еден од приоритетите на УСАИД и го адресираме тука во Македонија на различни начини. Во тек на последните четири години, нашиот проект за Енергетска ефикасност во секторот домување помогна на семејствата кои живеат во колективни станбени објекти да создадат поудобен простор за живеење за себе и за нивните семејства, додека истовремено ја намалија потрошувачката на енергија во домовите и трошоците поврзани со ова.“ – рече г-дин ЏејмсСтаин, директор на мисијата на УСАИД во Македонија.

USAID_Habitat_3

„Во тек на имплементацијата на проектотбеа развиенишест модели на финансирање, што сега претставува цврста база за понатамошен развој на пазарот во делот на енергетска ефикасност. Исто така, проектот беше комплексна иницијатива која покри многу аспекти од енергетската ефикасност, но главната придобивка од овој проект е револвинг фондоткој останува достапен за граѓаните и во иднина“ – рече Зоран Костов, извршен директор на Хабитат Македонија.

Овој проект се имплементира од Хабитат Македонија и им помага на семејствата кои живеат во колективни станбени згради да ја намалат потрошувачката на енергија и со тоа да ја намалат висината на сметките. До денес, во рамки на проектот реализирани се енергетски ефикасни реновирања на 37 колективни станбени згради во 9 општини, поддржувајќи повеќе од 600 домаќинства. Проектот исто така придонесе кон зголемување на капацитетите и помогна да се подигне свеста за енергетската ефикасност во секторот домување.

Слично

Поврзани вести