Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уписите за мастер студии на Меѓународниот балкански универзитет се во тек

Уписите за мастер студии на Меѓународниот балкански универзитет се во тек

Третиот уписен рок за програмите на постдипломски (мастер) студии на Меѓународниот балкански универзитет е во тек и ќе трае до 23.10.2020 година. Заинтересираните студенти имаат можност да одберат една од 11-те студиски програми, распределени во 7 факултети и тоа: Факултет за економски и административни науки, Факултет за инженерство, Факултет за комуникации, Факултет за образовни науки, Правен факултет, Факултет за социјални науки и Факултет за уметност и дизајн.

Наставата на постдипломските студии на МБУ се одвива целосно на англиски јазик, а програмите се во времетраење од една година и секоја носи 60 ЕКТС кредити. Сите кандидати потребно е да имаат завршен четиригодишен прв циклус студии, со освоени 240 ЕКТС кредити и да имаат солидно познавање на англискиот јазик.

Меѓународниот балкански универзитет нуди можност за плаќање на школарината до 4 рати. Школарината за жителите на балканските земји изнесува 1000 евра по семестар, а за студентите кои дипломирале на МБУ истата изнесува 750 евра по семестар.

Аплицирањето се врши онлајн на ibu.edu.mk/masters, каде може да се најдат и дополнителни детали и информации за потребната документација и услови.

Проверете зошто Меѓународниот балкански универзитет е универзитет за најдобрите студенти!

Комерцијален текст

Слично

Поврзани вести