Економија, финансии, бизнис

Контакт

Универзитетот ФОН потпиша договор со една од најквалитетните образовни институции во Турција – ФИНАЛ

Универзитетот ФОН потпиша договор со една од најквалитетните образовни институции во Турција – ФИНАЛ
Универзитетот ФОН потпиша договорот со една од најквалитетните образовни институции во Република Турција - ФИНАЛ. ФИНАЛ веќе 40 години  е регионален лидер во подготовка, таргетирањето и обучувањето на студентите за упис на универзитетите во Република Турција и во светот. ФИНАЛ со децении наназад го држи приматот за институција од која излегуваат најквалитетните студенти на кои им се овозможува упис на врвни универзитети низ светот. Институција која нуди квалитетно образование со своите 278 средни училишта, основни училишта и универзитети. Со преку 200 000 кандидати кои се дел од ФИНАЛ низ цела Турција. fon2 Универзитетот ФОН со потпишувањето на овој договор отпочнува и етапата за регионализација на ФОН во таргетирање на квалитетни студенти од овој регион. Воедно на денешната прес-конференција Универзитетот ФОН ја објави новата уписна стратегија на универзитетот која е дизајнирана според стратегијата на регионална експанзија и општествена одговорност за достапност на квалитетно образование за сите. Ректорот на Универзитетот проф. д-р Симе Арсеновски ги презентираше новите квоти за студирање за додипломски студии кои од оваа година овозможуваат финансиска достапност на студирање со школарини по квоти почнувајќи од 300 евра по семестар. Кампањата за стипендирање на сите овогодишни студенти е направена во консултација и соработка со најголемите македонски компании и фондацијата Цаноски. Потпретседателот на ФОН М-р Сефер Цаноски пак ги презентираше инвестициските новини со кои кампусот на ФОН во Скопје прераснува во комплетна универзитетска целина. 57ac6ae9911b60a854b26a3299bc61f73565c09a4dab7ddb4ca99fa82cb069f8 Комплетирањето на студентскиот дом кој ќе има доволно простор за 550 студенти, најсовремена бибилиотека, рекреативен центар  и придружни елементи кои формираат мини универзитетски град. Студентскиот дом го проектираше и дизајнираше познатата италијанска компанија – Бертоне со кои ФОН има заеднички последипломски студии на Политехнико ди Милано по дизајн.
Слично

Поврзани вести