Економија, финансии, бизнис

Контакт

УНИБАНКА: Во што е најдобро да се инвестира во 2024 година?

УНИБАНКА: Во што е најдобро да се инвестира во 2024 година?

Новата година носи нови очекувања но и предизвици. Деловните луѓе, но и семејствата повторно се поставени пред прашањето каде да инвестираат, и воопшто дали сега е правото време. Во што да се инвестира, а инфлацијата да не ги “изеде” парите.Како тие да не изгубат на вредност на долг рок, а да обезбедат ликвидност, сигурност и стабилност. Кое е оптималното инвестиционо портфолио, кои се алтернативите?

Како да ја обезбедиме сигурноста на најблиските, нашиот живот во пензија, што ќе се случува во иднина? УНИБанка како општествено одговорен субјект во продолжение ќе сподели неколку совети кои ќе придонесат кон носење поодбра одлука.

Дали инвестирањето во недвижнини ќе биде исплатливо и во иднина?

И покрај високите продажни цени по метар квадратен последните години купувањето на недвижнини стана еден вид на инвестиција во иднината. Ако направите добра одлука за тоа која куќа или стан ќе ја купите, по само неколку години цената на недвижнината ќе порасне и евентуалната идна продажба може да донесе значителен приход. Ако не сакате да ја продадете недвижнината, тогаш секогаш можете да ја изнајмувате и на тој начин секој месец да имате пасивен приход. Ако сте апсолутно сигурни дека посакуваната недвижнина ќе донесе иден приход, а немате доволно средства опција е и кредит во банка. Секако, инвестирањето во недвижнини бара голем почетен капитал и со себе носи поголеми ризици. Но, вреди да се размисли како една од опциите за инвестирање!

Златните монети се враќаат на големо!

Tоа е инвестиција која e отпорна на инфлација, на девалвација, на било какви кризи и тековни случувања. Златните монети долгорочно ја задржуваат вредноста, тие се лесно преносливо средство за екстремни ситуации, исклучително брзо ликвидно средство, а истовремено овозможуваат диверзификација на инвестициското портфолио. Вредноста на вложувањето во златни монети е уште поголема бидејќи тие може многу брзо да се продадат (секогаш има голема побарувачка), може да се употребат како залог за кредит, или едноставно да се зачуваат како вредно наследство за поколенијата. Купувањето на златни монети (на инвестициско злато) е трансакциски чин ослободен од ДДВ, што секако е поттик плус!  УНИБанка е единствена банка на македонскиот пазар која прави увоз и тргување со инвестицискo злато, што вклучува тргување со златни плочки и монети со највисока чистота, и која како резултат на тоа го има епитетот "The bank of gold".

Штедењето е секогаш стабилна опција

Штедењето во банка, повторно е во игра! Каматните стапки пораснаа, банките се сигурни и стабилни. Парите кога се чуваат во банка се безбедни од незгоди како поплави, пожари или кражби, тоа е факт. Ако решите да не ги употребувате парите и да ги орочите на одреден временски период, постепено заштедата ќе ви се зголемува. Но е под ризик на инфлацијата. Маргината меѓу каматата и стапката на инфлација, влијае на исплатливоста на оваа одлука. Но без оглед на се, секако е подобра опција отколку да ги чувате парите дома!

Дали помина златната ера на вложување во акции

Инвестирањето во акции отсекогаш било популарно, особено во годините кога сакаме заштедениот капитал да го умножиме и да имаме поголема корист од него. Разгледајте ги понудените акции на берзата и одберете добра компанија во која би вложиле дел од вашите средства. При одбирање на акција, внимавајте на следните аспекти: индустријата во која инвестирате, моменталната состојба на компанијата и нејзиниот потенцијал за раст, менаџерскиот тим на компанијата и нејзината отпорност на кризи. Акциите на УНИБанка во 2023 година беа едни од најпосакуваните хартии од вредност во земјава, што е потврда за стабилноста и сигурноста на Банката, на довербата која ја ужива во земјава од акционерите инвеститори, како и од штедачите и деловните субјекти. Што е сигнал за инвеститорите дека и во иднина акциите на УНИБанка ќе бидат исплатлива инвестиција.

Диверзификацијата е секогаш добра!

Без оглед на тоа за што ќе се одлучите, самиот чин дека размислувате е добар почеток. Добрите инвеститори секогаш имаат диверзификувано инвестиционо портфолио. Никогаш не вложуваат само во една опција, и секогаш размислуваат на долг рок. На вас е да одлучите!

*пр објава

Слично

Поврзани вести