Економија, финансии, бизнис

Контакт

УНИБанка со промоција на новата Mastercard дебитна картичка за млади

УНИБанка со промоција на новата Mastercard дебитна картичка за млади

Промоцијата на новата Мастеркард дебитна картичка за млади на УНИБанка,  доаѓа со модерен дизајн и пакет на многубројни бесплатни услуги.  Имателите на оваа картичка може да добијат и бесплатен бесконтактен стикер кој се лепи на мобилниот телефон со кој може да се прават трансакции без  воопшто да се носи  паричник.

Бесконтактниот стикер на УНИБанка е една од најновите технологии и форми на средствата за плаќање.. Со него клиентите добиваат квалитетна и брза услуга без да носат готовина и без да воведуваат ПИН при плаќања до 750 денари. Едноставно е, само треба да се залепи стикер картичката на мобилниот телефон, да се доближи до ПОС терминалот и плаќањето е завршено.

Новиот продукт нуди и бесплатно електронско и мобилно банкарство, како и бесплатна СМС услуга за првите шест месеци од издавање на картичката и е идеално за секојдневна употреба, без дополнителна грижа за паричникот. 

За повеќе информации: http://unibank.mk/categories/view/984     


Слично

Поврзани вести