Економија, финансии, бизнис

Контакт

УНИБанка со позитивни резултати во третиот квартал

УНИБанка со позитивни резултати во третиот квартал
УНИБанка заклучно со третиот квартал од 2012 година оствари позитивни резултати, соопштуваат од банката. Вкупните нето приходи од банкарски операции пораснале од 3,82%  во однос на истиот период лани, додека нето каматните приходи во однос на Септември 2011 година се зголемени  од 302,5 милиони денари на 320,3  милиони денари или за 5,88%. Нето некаматоносните приходи достигнале ниво од 142,8 милиони денари, исто како во септември 2011-та. Расходите за дејноста  се зголемени за 6,51% во однос на истиот период минатата година, а нето активата на 30-ти септември годинава,  достигна ниво од 11.160,4 милиони денари. Депозитите од население во периодот септември 2011 – септември 2012 се зголемени за 16,46%, а бројот на клиенти за 3,17%. Добивката на Банката заклучно со Септември 2012 година изнесува  51,6 милиони денари или 2,35% повеќе од истиот период минатата година. Како што соопштуваат од УНИБанка и во текот на оваа година задржано е лидерското водство во картичното работење со пазарно учество над 10%.    
Слично

Поврзани вести