Економија, финансии, бизнис

Контакт

УНИБанка отвори нова модерна експозитура во Ѓорче Петров

УНИБанка отвори нова модерна експозитура во Ѓорче Петров

УНИБанка АД Скопје ги известува своите клиенти дека од 03.07.2023 г. експозитурата во населбата Ѓорче Петров е достапна на нова локација.

Експозитурата веќе се наоѓа на адреса Бул. Партизански одреди бр.165., и е отворена за работа со клиенти секој работен ден од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот.

 УНИБанка продолжува да го опслужува сегментот население и правни лица, со модернизација на своите експозитури и тоа ја потврдува својата посветеност кон отворената комуникација и зголемената ефикасност во опслужување на клиентите, поголем број директни контакти и зголемена можност за користење повеќе атрактивни банкарски производи и услуги.

Покрај тоа, експозитурата е опремена и со современа 24-часовна самоуслужна CASH IN - АТМ каде клиентите самостојно ќе можат да извршуваат најразлични банкарски трансакции: исплата на готовина, депонирање дневен пазар на платежна сметка со бизнис дебитната картичка и депонирање готовина на платежна сметка со Visa или Mastercard дебитна картичка.

ПР објава

Слично

Поврзани вести