Економија, финансии, бизнис

Контакт

УНИ банка се шири кон Ѓорче Петров

УНИ банка се шири кон Ѓорче Петров
УНИБанка ги известува своите клиенти и соработници дека е пуштена во работа 34 –та експозитура и со тоа дополнително ја прошири својата деловна мрежа која е една од поразвиените во македонскиот банкарски сектор.
Новата експозитура е осмата по ред во Скопје, лоцирана е на адреса ул. Ѓорче Петров бр. 50 во населбата Ѓорче Петров и ќе ги извршува сите оперативни банкарски активности потребни за клиентите. Отварањето на новата експозитура е дел од континуираното унапредување и ширење на деловната мрежа и излегување во пресрет на потребите на клиентите од оваа општина. Клиентите на УНИБанка во оваа експозитура ќе имаат можност да ги вршат сите услуги од областа на банкарството како за физички, така и за правни лица.
Слично

Поврзани вести