Економија, финансии, бизнис

Контакт

УНЕТ доби лиценца за регистрар на националниот домен

УНЕТ доби лиценца за регистрар на националниот домен
Компанијата УНЕТ станува една од оние кои ќе вршат регистрација на доменот (.мк). Од Министерството за информатичко општество и администрација и МАРнет, Унет доби лиценца за работа  како официјален регистрар за регистрација на националните МК домени. UnetRegisrtar  е новиот сервис, односно новиот бренд на УНЕТ, кој компанијата има намера да го гради во иднина. Официјалниот старт на новата услуга на УНЕТ за регистрација на националниот МК домен, се очекува да биде означен од страна на МАРНЕТ, со што овој сегмент целосно ќе се либерализира. УНЕТ како компанија има со долга традиција на пазарот на IT услуги во Република Македонија и е препознатлива како првиот интернет провајдер, кој уште во 1995 година за првпат го донесе, воспостави и почна комерцијално да го нуди интернет пристапот на територијата на Македонија.      
Слично

Поврзани вести