УНЕСКО го призна белгиското пиво за светско наследство
УНЕСКО ја призна „белгиската култура за потрошувачка на пиво" за светско нематеријално наследство.
Со ова решение, организацијата ја признава разновидноста на белгиските пива како уметност. Во Белгија се произведуваат речиси 1 500 видови пиво, пренесе БНТ.
Пивото произведено од монаси, е познато во целиот свет и e составен дел од секојдневниот живот на Белгијците. Во центарот на Брисел се наоѓа прекрасната зграда на Домот на пиварите.
Во секоја белгиска област има специјалисти за комбинирањето на пиво со одредена храна. Одлуката на УНЕСКО неспорно е признание за напорите на сите во Белгија, поврзани со културата на пивото.
Слично
