Економија, финансии, бизнис

Контакт

Улици во неколку скопски населби и села утре без струја

Улици во неколку скопски населби и села утре без струја
Повеќе скопски општини утре ќе останат без струја соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Според известувањето од ЕВН Македонија, најавени прекини на електрична енергија поради зафати во мрежата ќе има за жителите од улицата Робеспјерова во Кисела Вода и тоа од 11.30 до 13.30 часот. Исто така, од 9 до 15.30 часот струја ќе немаат дел од жителите на Ѓорче Петров од улиците 72 и околните улици во село Волково. Од 11 до 15 часот струја ќе нема кај и кај дел од корисниците од улица Стоби, додека од 9.30 до 12 часот струја ќе немаат и корисниците од улицата  Лука Геров 61. Од 8.30 до 15.30 часот, прекин ќе има на булеварот Партизански Одреди, односно во  зградата број 107 во  општина Карпош. Еден час подоцна, од 9.30 до 15.30 часот струја ќе немаат и корисните од село Копаница во општина Сарај.
Слично

Поврзани вести