Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украдени златни предмети од Музејот на Македонија, вработените не знааат што се случило!

Украдени златни предмети од Музејот на Македонија, вработените не знааат што се случило!
Повеќе парчиња златни предмети, како од античкиот, така и од подоцнежниот период се украдени од Музејот на Македонија. Кражбата ја пријавиле вработените, но како што соопштуваат од МВР засега немаат точни сознанија што и како е украдено. „Случајот е пријавен во текот на вчерашниот ден и во моментов течат разговори со сите лица за кои сметаме дека можат да дадат повеќе информации. На прв поглед се чини дека се работи за прилично сериозен случај и оти недостасуваат вредни предмети. Меѓутоа, пред да се заврши конкретниот попис на предметите и да се направи споредба со она што стои во нивната евиденција и констатација за тоа што недостасува, ние не би можеле да излеземе со првична проценка во однос на вредноста на предметите кои недостасуваат и евентуалната направена штета“, изјави министерката Гордана Јанкулоска. Вработените не се сигурни кога точно е направена кражбата, а тоа не го открива ниту раководството на музејот. Она што се знае е дека златните предмети исчезнале од депото на Музејот. Според најавите, во полиција на информативен разговор ќе одат сите лица кои работат во Музејот. Увидот е во тек, потврдија од МВР од каде побарале Музејот да им даде попис на предметите од депото. Најавено е и формирање комисии за расчистување на случајот.
Слично

Поврзани вести