Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украдени се 166 артефакти од Музејот на Македонија, полицијата ќе праќа вработени на полиграф!

Украдени се 166 артефакти од  Музејот на Македонија, полицијата ќе праќа вработени на полиграф!
Украдени се дури 166 предмети од Музејот на Македонија, потврди полицијата. Списокот на исчезнати предмети е комплетиран, но нема најава за откривање на сторителите на оваа несекојдневна кражба, а од полицијата не се исклучува можноста дека зад ова стои организиран агрупа. Инспекторите од министерството за култура деновиве правеа комплетна проверка на целокупната евиденција на музејот за да и помогнат на полицијата и на кустоците. Според она што е досега познато, нема трага на провала, но сеуште се утврдува кога се случила кражбата, кој и како ги изнел предметите од депото, додека влезовите на музејот се покриени со видеонадзор. Според најавите, сега полицијата ќе почне повторно да ги распрашува сите вработени во Музејот, а дел ќе бидат пратени на полиграф. Кражбата беше откриена пред десетина дена, кога кустосите пријавија дека од депото недостасуваат вредни артефакти. Иако првичните информации беа дека недостигаат триесетина златни и сребрени предмети, последните контроли покажаа дека бројката е пет пати поголема.
Слично

Поврзани вести