Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украдени позлатени лажички и пари од црква во гостиварско

Украдени позлатени лажички и пари од црква во гостиварско

Ограбена е црквата „Св.Никола“ во гостиварското село Горна Ѓоновица. Кражбата се случила во периодот од 26 јануари до вчера, а ја пријавил денеска жител на селото.

Според информациите од СВР Тетово, засега непознати сторители провалиле во црквата и од касата каде се чувале доброволните прилози од верниците одзеле 1.000 денари, а ги украле и двете позлатени лажички кои се користеле за причестување.

Извршен е увид и се работи на откривање на сторителите. Вкупната материјална штета се проценува на 18.000 денари.

Годинава ова е прва кражба во верски објект на гостиварското подрачје, а втор случај регистриран во полошко. Пред неколку дена во манастирскиот комплекс во Лешок во потрага по злато диви копачи ископаа коски.

Слично

Поврзани вести