Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЈП: За три дена истекува рокот за регистрирање во системот за е-даноци

УЈП: За три дена истекува рокот за регистрирање во системот за е-даноци

Уште три работни дена рок имаат ДДВ обврзниците да се приспособат за електронското пријавување на ДДВ и данокот на добивка. Како што соопшти Управата за јавни приходи досега тоа не го сториле 1075 даночни обврзници.

Од 1 јануари 2013 година, оваа категорија на ДДВ обврзници, наместо во хартиена форма, ДДВ пријавите и даночни биланси за данокот на добивка ќе треба задолжително да ги доставуваат по електронски пат, преку интернет сервисот на УЈП е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk/

За неподнесување, или за доцнење со поднесувањето на даночна пријава, законот предвидува казна до 3.500 евра .

Слично

Поврзани вести