Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЈП предупредува, истекува рокот за задолжително регистрирање во системот е-даноци

УЈП предупредува, истекува рокот за задолжително регистрирање во системот е-даноци
На една седмица пред истекот на рокот, 1.191 месечни ДДВ обврзници се уште не се регистрирале на системот е-Даноци, чие користење е задолжително од 1 јануари.  Согласно законските измени, месечните ДДВ обврзници од почетокот на 2013 година нема да можат повеќе да ги поднесуваат ДДВ-пријавите и даночните биланси за данокот на добивка во хартиена форма, туку тоа ќе треба да го вршат по електронски пат преку интернет сервисот на УЈП е-Даноци. Фирмите во наредните седум дена треба да ги обезбедат сите предуслови (Интернет, е-Пошта и Дигитален сертификат на УСБ токен) и да се регистрираат за користење на електронските даночни услуги. Тоа се однесува и за сметководствените бироа кои треба да обезбедат еден Дигитален сертификат на УСБ токен издаден од овластена куќа (Македонски Телеком или КИБС), кој ќе можат да го користат за сите свои клиенти. Ненавременото приспособување на новите законски обврски поврзани со користење на е-Даноци негативно ќе се одрази врз финансиското работење на фирмите, земајќи предвид дека тие  нема да можат да го пријават данокот во УЈП. За неподнесување, односно ненавремено поднесување на даночна пријава во законски предвидениот рок предвидена е глоба која достигнува до 3.500 евра во денарска противвредност
Слично

Поврзани вести