УГОСТИТЕЛСКИОТ СЕКТОР ДОСТАВИ ЗАБЕЛЕШКИ ПО ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА АВТОРСКОТО ПРАВО И СРОДНИТЕ ПРАВА
Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија,повеќе години активно го следи процесот на креирање на законската рамка за уредување на авторското право и сродните права во делот што го дефинира Колективното управување, а во насока на дефинирање и на обврските што произлегуваат за угостителските објекти(хотелите и рестораните), согласно Правилникот со тарифа за користење авторски музички дела.
Ова пред се поради фактот што по основ на Правилникот со тарифа за користење авторски музички дела, угостителите имаат законски обврски за плаќање кон Здружение за заштита на авторски музички права по три тарифи 2, 4 и 5, согласно кои нивните трошоци по овој основ се превисоки и не соодвествуваат со реалните економски состоби во земјата, посочи Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на Македонија.
Во таа насока сакаме да укажеме дека надоместоците кои се предвидени во Правилникот со тарифа за користење авторски музички дела, претставуваат големо финансико оптеретување за компаниите, за кои Здружението реагира континуирано. Спорни за угостителите се % од приходот што се побарува без при тоа да биде наведено од кој приход ќе се пресметува наведениот процент, поради што сметаме дека поимот приход треба да биде дефиниран. Овој процент изнесува од 4% за свадби крштевски и сл., до 9,6 % за разни музчки манифестации.
Не помалку значаен е и проблемот со тарифирањето на хотелите за реалиизрани ноќевања. И покрај забелешките на хотелиерите и писмени доставени барања, сепак ЗАМП ги товари со 20 денари од реализирано ноќевање, што е дури 5 пати поголем трошок од правилникот кој важеше до 31 октомври 2017 година.
Имајќи во предвид дека во тек е постапка за давање мислење по предлог Закон за изменување и дополнување на законот за авторското право и сродните права изработен од министерството за култура, Здружението на угостителството и туризмот при Комората, одржа работен состанок на кој се разговараше по предложениот Закон и достави: Предлози за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права и предлози по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права. Во таа насока се бара:
1. Во постојниот Закон за авторското право и сродните права за организираните настани за кои не се остварува приход односно се од хуманитарна природа да не се наплатува средства ниту кон ЗАМП бидејќи нема економска оправданост ако се организира хуманитарен настан, за истиот да се плаќаат обврските кон колективниот управувач.
2. Да се направи разлика кога угостителскиот објект се јавува како организатор на манифестации од ситуациите кога организацијата на настанот е од трето лице, се` со цел да се дефинира кој подлежи на плаќање на обврската кон ЗАМП.
3. Во насока на претходното барање е и барањето на угостителите да плаќаат надомест само кога се тие организатори на манифестации. Во секоја друга ситуација угостителските објекти само го отстапуваат просторот и пружаат угостителски услуги и немаат никаква допирна точка со користењето на авторските и сродните права.
Во одбрана на ова свое барање, угостителите се повикуваат на член 55 од Уставот на РМ став 1 кој вели “Се гарантира слободата на пазарот и претприемништвото.“ Во став 2 од истиот член е наведено дека “Републиката обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот. Републиката презема мерки против монополската положба и монополското однесување на пазарот.“Во став 3 од истиот член е наведено дека “Слободата на пазарот и претприемништвото можат да се ограничат со закон единствено заради одбраната на Републиката, зачувувањето на природата, животната средина или здравјето на луѓето.“
4. Се бара да нема можност организацијата за колективно управување да остварува средства од камати на вложени средства во банка и други приходи. Сметаме дека вака формулиран член е правно неиздржан и контрадикторен со правниот субјективитет на организацијата за колективно управување со авторски или сродни права, во услови кога кога организациите за колективно управување на авторски и сродни права се всушност непрофитни организации. Ова од причина што основна цел за која се формира, постои и функционира организацијата, е заштита на авторските и сродните права и прибирање и распределба на надоместоците од користењето на тие права во име на нивните носители, а не остварување на приходи по било кој основ.
Во Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права, од месец март 2018 година пакакцентот на нашите барања го ставаме на тоа - Комисијата за посредување во авторското право и сродните права да има надлежност да давање мислење по предлог тарифата, посочи Михајловска Василевска.

Во таа насока сакаме да укажеме дека членките на Здружението се согласуваат со кoнстатацијата дадена во Предлог Законот дека, досегашната имплементација на овој Закон покажа оти моделот утврден во постојниот Закон го отежнува функционирањето на системот на колективното управување со наметнување на несоодветни обврски, надлежности и процедури, од една страна, а од друга отсуствува регулирање на прашања битни за ефикасно и соодветно колективно управување, како и фактот дека во голем дел во примена на колективното управување не се земени во предвид и соодветно транспонирани, одредбите од ЕУ директивите со кои се регулира областа на авторското право и сродните права.
Членките на здружението на угостителството и туризмот ја поздравуваат одлуката со измените на Законот за авторското право и сродните права да се дефинираат критериумите за определување на висината на надоместоците за користење на авторските дела, односно предметите на сродните права, со целосно усогласување со Директивата 2014/26/EC, односно при определување на висината на надоместоците, да се поаѓа од економската вредност на користењето на делата.
Имајќи во предвид дека овој Закон опфаќа една широка категорија на правни лица, припадници на бизнис заедницата, за кои се предвидени материјални и други законски обврски по однос на користењето на авторските и сродните права, посебно истакнуваме дека нашите коментари и забелешки по однос на предложените законски измени како и по однос на важечкиот текст на Законот, не се во насока на избегнување на плаќање за користењето на авторските и сродните права, туку со цел за ставање на користењето на овие права, како и правата и обврските кои произлегуваат од истите, во една цврста законска рамка, од која нема да произлегуваат штетни последици ниту за носителите на авторски и сродни права, ниту за корисниците на истите.
Истовремено од големо значење е што во Законот се внесува неопходноста, основите за определување на надоместоците за користење на авторските дела и предметите на сродните права, да бидат издржани и прецизни и да кореспондираат со реалните економски состојби во Република Македонија и целосно да се хармонизираат со Директивата 2014/26/EC .
Здружението дава поддршка и на дефинирање на рокови за распределбата на надоместоците, односно приходите од правата, рокови за нивната исплата, за идентификација на неидентификувани носители или дела, односно предмети на сродните права, како и начинот и рокови за користење на нераспределените надоместоци. На јасен и прецизен начин да се уредуваат правилата за прибирање и распределба на надоместоци на организациите кои за тоа ја овластиле соодветната организација за колективно управување.
