Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЧЕТЕ ОД УСПЕШНИТЕ: Бизнис совети од основачот на „eBay“

УЧЕТЕ ОД УСПЕШНИТЕ: Бизнис совети од основачот на „eBay“

Во ова видео основачот на eBay, Пјер Омидјар споделува важна лекција за сите кои имаат бизнис или планираат да стартуваат со бизнис идеја. Погледнете што порака упатува тој кон претприемачите:

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/PNq7ysCQYrk[/embed]

Следете ја вашата страст. Ако се возбудуавте од нешто и давате се од себе, ќе бидете успешни. Ако започнете бизнис, бидејќи мислите дека така ќе направите многу пари, тогаш најверојатно ќе пропадне. Тоа е погрешна причина да започнувате бизнис. Вие треба да верувате вистински во она што го правите и да ве возбудува доволно за да посветувате време на него и да работите напорно за да постигнете успех.

Гледајќи успешен човек можеме да кажеме: "Ова мора да е навистина тешко", но нешто што изгледа тешко, може да било исклучително лесно. И обратно - кога нешто изгледа многу лесно, може да било исклучително тешко. Никогаш не се знае. Значи само направете го тоа, пробајте, дознајте.

Можеби нема да успеете во некои работи, но тоа е начин да се научите, за да продолжите на следниот предизвик. И не дозволувајте луѓето да ве убедуваат дека нешто не може да биде направено. Тие често ќе ви велат дека тоа нема да се случи, но тоа е само затоа што тие немаат храброст да го направат.

Слично

Поврзани вести